Како и што се очекуваше Трајче Заев, на братучедот Вице Заев, (кој е брат на поранешниот премиер Зоран Заев), му ги продаде сите свои акции во струмичките акционерски друштва Герас Цунев конфекција и Герас Цунев трговија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе ги продаде ли Трајче Заев акциите на Вице Заев во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција
Тоа може да се види од дветте решенија на Комисијата за хартии од вредност, кои ги објави Македонската берза.
Пред извесно време Вице Заев, кој сега е речиси целосен сопственик на двете друштва, преку неговата компанија ДГИ Тотал Инженеринг достави понуда за преземање на Герас Цунев конфекција и Герас Цунев трговија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице Заев достави понуда за преземање на „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“
Пред Трајче Заев да ги продаде акциите, Тотал Инженеринг поседуваше 73,3% од акциите во Герас Цунев конфекција, а во Герас Цунев трговија, 73,25%.
Трајче Заев пак поседуваше 22,5% од акциите во Герас Цунев конфекција и 22,14% од акциите во Герас Цунев трговија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице Заев стана мнозински сопственик во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција