еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Пациент од Либија дојде специјално во Скопје, во Клиника Жан Митрев за да ги изврши потребните специјалистички прегледи. На Идрис Ал Сенуси од Либија за само еден ден му беа извршени десетина прегледи и тој задоволно ја напушти клиниката, заблагодарувајќи му се на целиот персонал.

На Ал Сенуси му беа извршени дерматолошки, стоматолошки, офталмолошки, ендокринолошки, кардиоваскуларни, пулмолошки прегледи како и ултразвук на абдомен.

Тој, по сите завршени испитувања, изјави дека се чувствувал како да престојува во хотел, а не во болница.

„Тука ја имате сета удобност што можете да ја замислите. Овде се чувствувате како да престојувате во хотел, во ресорт, во спа. Се надевам дека и во мојата земја Либија што е можно поскоро ќе имаме ваква институција“, рече Ал Сенуси, додавајќи дека во меѓувреме ќе ја препорачува Kлиника Жан Митрев на сите негови пријатели и сограѓани.

Клиника Жан Митрев со проширувањето на дејностите, воведувањето нови хируршки и терапевтски интервенции и нови стандарди во здравствената пракса во земјава, постојано привлекува пациенти од најразлични делови од светот да доаѓаат во клиниката за да ги извршуваат потребните интервенции и дијагностички прегледи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај, тврди министерот Сали

Редакција

Бугарско МНР: 23 јуни не е крајниот рок до кој Бугарија треба да одговори на „францускиот предлог“

Редакција

Нови директори на ЕСМ Снабдување со топлина, ЕСМ Топлификација Битола и Енергетика

Редакција