И по еден месец од бегството на Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, не се знае каде е.
Тој ја напушти Македонија откако заедно со судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети, завршија на „црната листа„ на САД, пред да биде објавен случајот со криминалот во Државна лотарија, во кој е осомничен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сѐ освен Артан Груби и Енвер Беџети е на „црната листа“ на САД
Двајцата се најдоа на листата поради влијание врз судските процеси за поранешниот прв човек на поранешната Управа за разузнавање и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Од Основното јавното обвинителство вчера информираа дека предистрагата за двајцата за овој случај продолжува, иако Груби е недостапен за органите на прогон и дека се уште е во фаза на предистрага.
Од таму, како што е познато од порано, проверуваат и дали трето лице им помагало во заташкувањето на предметите за Мијалков, кој е исто така на „црната листа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Груби немал албански пасош, вели за „БИРН“, советник на албанскиот претседател
Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?
Бизнисменот Папранику го однел Груби во Тирана?
Фото: Груби/Фејсбук