еМагазин
Image default
Македонија

„Бомби“ за „Титаник“: Јанакиески се договара со Јанкулоска како да се спречат да гласат Албанци кои доаѓаат со авиони во Охрид

Со слушање „бомби” во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за Титаник на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изборните нерегуларности.

Во судница се присутни сите обвинети, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, како и екс министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Пред почетокот, обвинетиот Илија Димовски побара одложување на рочиштето за да може да присуствува на седница на собраниска комисија на која е член и предлагач на пет точки.

– Синоќа доцна по завршувањето на седницата за денеска во 12 часот е закажана нова седница. На една од точките е и Државната комисија за антикориупција, рече Димовски.

Лиле Стефановска од СЈО, рече дека нема проблем доколку е важна седницата, но барем да се работи до 11.45 за да не биде пропаднат денот.

Во предметот „Титаник“ предложени се повеќе од 1.000 аудио снимки во листата на материјални докази од СЈО, од кои на досегашните рочишта преслушани се повеќе од 500.

Најголем дел од „бомбите“ на денешното рочиште се од 24 март 2013 година, кога беа локалните избори, од кои се слуша како Миле Јанакиески се јавува по луѓе, за да се информира како оди излезноста, дали се јавуваат на да излезат и какви се шансите за победа со моменталната излезност.

– Не треба да заминеме 60 проценти, ако заминеме тоа ме плаши. Вака ако оди ќе имаме 65 отсто, не треба да надминеме 65 проценти и победуваме, вели Јанакиевски, разговарајќи со новинарот Латас за излезноста и шансите за победа со таква излезност.

Од разговорите се слуша како Миле се јавува по луѓе и бара од нив „да притиснат повеќе, да се работи во кол центрите и да истурат повеќе луѓе каде се послаби, па дури вели и да се јавуваат по „фирмичиња“ со кои имале соработка“.

Миле разговара и со Снежана Трпевска од Унијата на жени и бара да притиснат во Маџар Маало, каде излезноста била мала.

– Нема проблем, тука сум јас во канцеларија, вели Трпевска.

Јанакиески разговара со Гордана Јанкуловска дека во 4:00 и 4:30 доаѓаат два авиона со Албанци во Охрид, па размислуваат како да ги спречат да гласаат, „дали да го задржат некако авионот да врти пред да слета, дали скалите за симнување да се постават подоцна или пак да се направи некоја сообраќајка, да се преврти трактор да не може со коли да ги земат“.

– А, да превртиме камион со песок или нешто така цело да се блокира, му вели Јанкулоска на Јанакиески.

Јанакиески во разговор со Никола Груевски му кажува дека се работи и дека имаат 100 кол центри што цело време се јавуваат.

Пуште беше и разговор на Јанакиески со Амди Бајрам и бара од него да притиснат, зошто немало излезност на Кале. Амди на тоа му вели: „па идеме, како не идеме, па во куќи им влеговме“.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски до Јанакиески во „бомбите“ од Титаник: Да ни беа преспанците, ќе завршевме работа

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 526 случаи на Ковид-19, во Скопје 245

Редакција

Тортевски се надева дека „Твоја партија„ на изборите ќе освои од 5 до 10 пратеници

Редакција

Два нови случаи на корона вирусот во гостиварско, еден во градот и еден во Врапчиште

Редакција