Билтенот за движење на акутните заразни заболувања во Македонија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за декември покажува дека во текот на тој месец се пријавени два случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 40 до 49 години.
Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во ноември 2024 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 20 до 29 години.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.12.2024 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2024 година, изнесува 688, а од нив, согласно податоците со кои располага ИЈЗ, 130 лица починале, 554 лица живеат со ХИВ/СИДА, а 4 лица се со непознат исход.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Годинава повеќе случаи на ХИВ/СИДА, најмногу во Скопје
Фото: МЗ