еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанската амбасадорка во Бугарија ги нарече Македонците „Севрномакедонци“, реагираше партијата на Македонците во Албанија

Албанската амбасадорка во Бугарија, Инид Мило во интервју за бугарската Нова.бг, ги нарече Македонците во Албанија, „Северномакедонци“.

На оваа остро и со длабока загриженост реагираа од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената партија на Македонците во Албанија, кои реагираа и до албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани.

Во нивната реакција, како што информираа од таму, стои дека ваквата терминологија „не само што е неприфатлива, туку и навредлива за идентитетот и интегритетот на оваа автохтона заедница“.

Од МАЕИ бараат јавно извинување од Министерството за Европа и надворешни работи и од амбасадорката Мило и укажуваат дека ваквите случаи сериозно ги поткопуваат односите меѓу македонската заедница и албанските институции.

Реакцијата е доставена и до Ерлинда Баланца, народен правобранител, Роберт Гајда, комесар за заштита од дискриминација, до делегација на Европската Унија во Тирана, мисијата на ОБСЕ, канцеларијата на Советот на Европа, амбасадата на САД и македонската амбасада во Тирана.

Од МАЕИ потсетуваат и дека оваа не е прв ваков случај. На последниот попис албанскиот Институт за статистика го користеше терминот „Северномакедонци“ за македонското малцинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ја поправи грешката, „северномакедонци“ во пописот станаа Македонци

МНР остро реагира на употребата на термин „северномакедонци“ на пописот во Албанија

Во Албанија има 2.281 „северномакедонци”, Бугари од 0 во 2011 сега има 7.597

Фото: Албанска амбасада во Бугарија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар кај Фурка, интервенира и армиски хеликоптер

Редакција

Холандија дисквалификувана од финалето на Евровизија

Редакција

Поскапува само мазутот, цената на бензините и дизелот останува иста

Редакција