еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Мицкоски има разбирање за бојкот на маркетите, подршка и од ВМРО-ДПМНЕ

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека има лично разбирање за најавениот бојкот на 31. јануари на маркетите поради високите цени во Македонија, кој следи по успешниот во Хрватска и најавените во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И во Македонија во петок ќе има бојкот на маркети?

-Имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити.

Институциите, пазарните инспекторати ја следат ситуацијата и навремено реагираат, рече Мицкоски.

И од неговата партија преку соопштение информираа дека ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите.

-Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата, богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос.

Истовремено за очекување е владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите, дали низ годините наназад до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа. Ова дивеење на маркетите мора да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат и дека нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За еден ден група на Фејсбук која повикува на бојкот на маркетите има над 600 членови

Подршка за бојкот на маркети и од Организацијата на потрошувачи на Македонија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: Неопределените и тие што нема да гласаат пред ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Редакција

ССМ утре ќе ја блокира улицата пред ОРМ и Стопанската комора, ако нема договор на ЕСС, најавува генерален штрајк

Редакција

Драстично зголемување од 56,4% на бројот на заболени од Ковид-19

Редакција