еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новиот Citroën Berlingo и Citroën C4 Cactus се финалисти за награфа за Autobest 2019

Жирито на европскиот AutoBest ги објави 6-те финалисти од повеќе од 20 кандидати. Во рамките на овој престижен натпревар Citroën во финалето учествува со 2 модели, новото Citroën Berlingo и новиот Citroën C4 Cactus.

Oткако постои оваа награда, веќе 18 години, за прв пат се случува еден производител да има 2 модели во финалето. Освојувачот на наградата “Best Buy Car of Europe” за 2019 година ќе биде објавен на 15-ти декември. Воедно, Линда Џексон, извршниот директор на Citroën доби награда за најдобар врвен менаџер, прва жена во ManBest алејата на славните.

Citroën Berlingo, најпродаваниот модел на Citroën во речиси 17 земји во 2017 година, во моментов е  најпродаван модел на Citroën веднаш по C3. Во Европа тој е вториот најпродаван модел на повеќенаменски возила и останува во топ три во својот сегмент.

Oд лансирањето во 1996 година па сѐ до денес, произведени се повеќе од 3,3 милиони возила. Оваа нова генерација, инспирирана од очекувањата на клиентите, е совршена илустрација на новото мото “Inspired by You”. Новото Citroën Berlingo со својата просторност и функционалност како и иновативна понуда во смисла на дизајн, прилагодливост и практичност, е идеален избор за луѓето со активен стил на живот.

Со својот уникатен карактер, новиот C4 Cactus е ултра комфорен компактен автомобил. Овој нов модел претставува надополнување на првичниот C4 Cactus, ставајќи го во нова димензија во однос на технологијата и опциите на моторот, додека продолжува да се издвојува преку својата единственост и удобност.

Новиот C4 Cactus е дел од Citroën Advanced Comfort® програмата за сеопфатен пристап кон комфорот и нуди беспрекорна удобност во возењето со иновативната технологија за потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња (Progressive Hydraulic Cushions™ – PHC), која ги филтрира нерамнините на патот така што имате чувство дека лебдите на летечки килим, а воедно е и првото возило во светот со седишта Advanced comfort.

Жирито составено од  31 член од 31 европска земја, ќе ја донесе својата финална одлука врз основа на 13 критериуми меѓу кои вредност за парите, дизајн, удобност и технологија, како и достапност на услугите за сервис и резервни делови во дистрибутивните мрежи. По групните тестови, кои ќе се одржат на 27 и 28 ноември, возилото кое ќе брои најмногу гласови ќе ја освои оваа престижна награда.

Победникот ќе биде официјално објавен на 15-ти декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трчаме кон менструална правда: Истрчани речиси 100 км, донирани 300 Jessa менструални производи

Редакција

(Фото) Шопинг лудило во Рамстор Мол на Garage Sale

Редакција

Започнува ВАДА, првата академија за улични танци која ќе донесе светски предавачи од САД во нашата земја

Редакција