Вчера на прес конференција заедно со адвокатот на нивниот син, за првпат во јавноста се појавија родителите на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот Сашо Дуковски меѓудругото рече дека неговиот клиент бил пресметлив и психички здрав.
-Ве известувам дека Васил Јованов е пресметлив и психички здрав. И кога би сакал некој тоа да го направи, како е можно тоа да го направи? Со гума ли него ќе го прогласат непресметлив? Сето тоа е насочено кон кумулирање на постојан гнев кон некое лице, со цел да завладее уличната, а не правдата на судницата и правдата на едно демократско општество, рече Дуковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска сите патишта водат за Неготино: Протест за Фросина и за сите други жртви во сообраќајот
9 дена не изразија сочувство, ниту не исконтактираа, вели таткото на Фросина за родителите на Васил
Колку пат Васил ја украл колата на родителите и дали го пријавиле, прашува сестрата на Фросина