Од Фондација ECrowd.mk информираа дека досега ниту еден пратеник од македонското Собрание не донирал за болните дечиња, за чие лекување собира пари Фондацијата, од граѓаните.
-Гледам сега вртоглави суми за патни трошоци се земаат и понатака, добро БЕ, нели ви е само малку барем срам на сите до еден, познати и непознати, илјадници евра да искеширате, нели ви е брука глава да вртите на апели за помош?
4 години возиме бесплатни домашни посети низ Скопје, исто така еден денар поддршка и помош, 5 литри бензин да помогневте и 2 завои, каква ви е таа душа, а сигурно секојдневно ги гледате апелите за донации?
И треба ли од такви ко вас да очекуваме дека за народ се грижите?
Јас ќе ви кажам, срам ми е од секој еден од вас, напиша на Фејсбук докторот Ненад Лазаров, кој е дел од Фондацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворени телефонски броеви за поддршка на Фондацијата eCrowd, која собира пари за лекување на болни