Анкетата која ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“- Скопје, во периодот од октомври до декември лани, покажува дека поддршката за пристапување кон Европската унија (ЕУ) даваат 62% од испитаниците.
Подршката за ЕУ постојано паѓа изминативе години, а лани се задржала на истото ниво споредено со претходната година.
Од страна на граѓаните на ЕУ и понатаму се гледа како на најголем економски партнер, донатор и сојузник на земјава, а расте и перцепцијата на граѓаните дека ЕУ има значајно влијание како надворешен фактор.
Анкетата покажува и дека граѓаните го ставиле пристапувањето кон ЕУ како прв приоритет во надворешната политика, којшто би сакале да го видат од Владата.
Подршката за ЕУ е поголема кај етничките Албанци, а кај Македонците е нешто повеќе од половина.
Највоздржани се најмладите и највозрасните испитаници, кај кои е констатирана поголема неопределеност. Кај младите е констатирано и отвореност за позитивни ставови кон Кина, а кај највозрасните за Русија.
Перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави бележи значителен пад, за 20 проценти во споредба со лани.
Анкетата е спроведена на 1.065 испитаници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 20% од граѓаните се за уставни измени како услов за отпочнување на преговорите со ЕУ
Фото: Унсплеш