еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев ќе ја гарантира безбедноста на пратениците од опозицијата кои гласаа „за“

Денеска е историски ден, заедно испишавме историја рече премиерот Зоран Заев во Собранието, по гласањето за стартот на уставните измени, предвидени со договорот за иметото со Грција.

Тој им се заблагодари на сите пратенции, осoбено на тие од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, бидејќи како што рече, се ставиле над партиските интереси и покрај притисокот од раководството. Притоа, како што одговори на новинарско прашање за нивната безбедност, потенцираше дека институциите ќе реагираат на секоја закана.

Заев е убеден дека и од оние пратеници кои гласале против, во наредниот процес ќе се приклучат повеќе.

-Водевме транспарентен процес, водевме грижа за пријатна атмосфера. Следниот чекор ќе го направиме во поголем број. Убеден сум дека ќе се приклучат повеќе од 25 пратеници. Пораката за помирување охрабри, рече Заев.

Во однос на пратениците на опозицијата за кои се водат судски процеси премиерот рече дека: „никој не е виновен додека не се докаже вината со правосилна судска пресуда“ и го повтори ставот дека нема да се меша во судската власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието со 80 гласа „За“ донесе одлука за промена на Уставот

Кои пратеници од опозицијата гласаа „За“ промена на Уставот?

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, вечерашното гласање е важен чекор кон нашиот заеднички успех

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неносење маски регистрирани 439 прекршоци во изминатите 24 часа

Редакција

На факултетите на УКИМ слободни 10.473 места за нови студенти

Редакција

Во првите шест месеци 67 компании кои котираат на Македонската берза оствариле добивка, а 25 загуба

Редакција