Од денеска треба да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи.
Во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите, што беше предуслов одлуките да стапат на сила.
На 5% се ограничува бруто профитната маржа на основните осум прехранбени производи: млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко.
На 10% е ограничена маржата на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини, а на 15% на свежото овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.
Исто така сите трговци се задолжуваат да имаат најмалку 70% од овие производи.
Со одлука за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи за највисока цена се утврдени цените од 1. февруари 2025 година.
Одлуките ќе траат до 30. април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трговците незадоволни од ограничувањето на маржите
1.000 прехранбени и непрехранбени производи ќе имаат ограничени маржи
Фото: Игор Бансколиев