Кристал 1923 АД Велес лани остварил нето добивка во износ од 17.231 илјади денари, додека во истиот период од претходната година имал добивка во износ од 5.742 илјади денари, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Во 2024 година се остварени вкупни приходи во износ од 837.612 илјада денари и во однос на лани за истиот период се намалени за 4,6%. Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се намалени за 15%.
Расходите за оваа година изнесуваат 817.602 илјади денари и во однос на претходната година се намалени за 6,5%. Од наведеното може да се заклучи дека добивката произлегува од зголемените приходи во однос на расходи за периодот од 01.01.2024 – 31.12.2024 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешки Кристал 1923 со добивка во третиот квартал
Велешки “Кристал 1923“ ги објави платите на членовите на Одборот на директори