еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска е Прочка: Какво е значението на овој голем празник

Денеска верниците го прославуваат големиот христијански празник Прочка или Велики Поклади на кој верниците треба да си простат меѓу себе пред почетокот на Велигденскиот пост.

Смислата на овој празник е со чиста душа, неоптоварена со омраза и лоши мисли да се почне со постите за најголемиот Христијански празник Велигден, кој е за седум недели од денеска.

Исус Христос им проштевал на грешниците па дури и на оние кои го распнаа на крст, обраќајки му се на својот татко со зборовите „прости им Боже не знаат што прават“.

Позната е и случка опишана во Библијата која е екранизирана и во многу филмови. А тоа е, кога толпа луѓе сакаа да каменуваат грешна жена, а Исус кој се најде помеѓу нив им се обрати со зборовите „прв нека го фрли каменот, оној што е безгрешен“.

Верата не учи дека нема безгрешни луѓе, сите грешиме свесно или несвесно.

Но, она што е важно е да си простуваме меѓусебе, бидејќи кога постиме, залудно не јадеме месо, ако го јадеме братот свој со омраза и навреди.

„Светата Православна Црква уште од самиот почеток на изминатава седмица, која уште се нарекува „предворје на покајанието“, „претпразненство на воздржанието“, „предочистителна седмица на св. пост“, итн. низ богослуженијата повикуваше на срдечно покајание, кое носи прошка на гревовите, со што би ни се отвориле дверите на вистинскиот пост.

А, како се отвараат дверите на покајанието и на вистинскиот пост, особено се забележува во евангелската содржина од сирната недела: „Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни, и вам ќе ви ги прости вашиот Отец Небесен; а ако не им ги простите гревовите на луѓето, ни вашиот Отец нема да ви ги прости вашите….“ (Матеј, 6, 14 – 21),“ велат од Бигорски манастир за денешниот празник.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациенти од донор добија срце, црн дроб, бубрези, а во следните денови и коскени ткива

Редакција

Драматичен раст: 792 нови случаи на Ковид-19 од 9.270 тестирањa

Редакција

И денеска не се избра претседател на Уставен, нов обид во понеделник

Редакција