Маж на возраст од 48 години од Куманово вчера бил пронајден починат во неговото возило.
Станува збор за С.Д., а како што информираа од Секторот за внатрешни работи Куманово, неговото возило „мерцедес“ било паркирано на улицата „Пелинска“.
Лекар констатирал дека починал од природна смрт, а неговото телото било предадено на семејството.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.