еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ако на некој му пречи името на компанијата, мислам дека не е во ред, вели Таравари за „Ѓока констракшн“, која сака да ја гради катната гаража на Клинички

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со изградбата на катната гаража на Клинички центар, за која интерес изрази само албанската „Ѓока констракшн“, кажа дека е неспорно дека има потреба од паркинг, бидејќи луѓето губат од половина до еден час за да најдат паркинг-место, и посочи дека бил важен и гласот на јавноста.

„Тоа е нешто што сме ветиле како Влада. Ако на некој му пречи името на компанијата, мислам дека не е во ред.

Меѓутоа, многу ми значи гласот на јавноста. Потоа ќе видиме, ќе процениме како Влада, па и како Министерство за здравство дали да го тераме процесот или да се вратиме од почеток, и уште еднаш да објавиме тендер за катни гаражи на Клинички центар.

Но, треба да го имаме предвид и тоа дека тоа ќе трае уште една година приближно,“ изјави Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е компанијата „Ѓока Констракшн“ од Албанија, единствената која се јавила на тендерот за стопанисување со паркингот на Клинички центар

Договор со „Ѓока констракшн“ за стопанисување со паркингот на Клинички не е потпишан, вели Таравари

Компанијата “Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција нема повеќе да води билатерални преговори со Грција, најави Ердоган

Редакција

Осум дена притвор за пиштолџијата од „Скендербег“

Редакција

(Фото) Заев, Пендаровски, Шекеринска, Османи, Спасовски, Николовски… со шлемови на „бојно поле“ во Криволак

Редакција