Пекабеско АД Скопје лани остварил позитивен финансиски резултат, информираше компанијата преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-декември 2024 година изнесуваат 5.955 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 8%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2023 година бележат зголемување од 8%.
Приходите од извоз изнесуваат 832 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 се зголемени за 11%.
Остварените вкупни расходи во периодот јануари-декември 2024 година изнесуваат 5.767 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 7%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Весна Кутревска купи акции на Пекабеско, сега поседува 6,79% од вкупниот број
Пекабеско со зголемена добивка во првиот квартал
Кои се најголемите акционери во Пекабеско
Фото: Пекабеско