еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од кои фирми државните институции набавиле најмногу возила

Дури 8,5 милиони евра потрошиле државните институции за нови патнички возила за две години, во 2023 и 2024 година, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра

Дел од нив се купени, а дел се земени на лизинг.

Кога станува збор за фирмите коишто ги добивале овие тендери, дури 78% од овие пари одат само кај три фирми, се вели во истражувањето.

Меѓу нив, најголема вкупна вредност на склучените договори за јавна набавка на возила имаат две фирми. И двете оствариле по околу 2,8 милиони евра вкупна вредност на договорите за анализираните две години, стои во истражувањето.

Станува збор за Порше лизинг со 2.853.911 евра и Аутомотив груп со 2.744.380 евра.

Трета, со 1.062.920 евра е Еуроимпекс.

-Во оваа група на фирми коишто се издвојуваат според вредноста на договорите за јавни набавки за возила спаѓаат уште и Јосифов со 653.203 евра и Делукс-ауто со 620.985 евра.

Сите други фирми што продаваат возила или нудат возила на лизинг имаат значително помали износи на склучени договори за јавни набавки за возила, се вели во истражувањето.

Илустрација: ЦГК/фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 30. јули ќе започне судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Редакција

Над три милиони лица заразени од корона вирусот во светот, починати 211.663

Редакција

„Муковски пред портите на Ватикан, време е за Кодот на Дичо Молерот“: Твитер за делегацијата која ќе патува во Рим во чест на св. Кирил

Редакција