Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), донесе одлука со која мерката куќен притвор за Асмир Јахоски во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена.
Донесеното решение, како што информираат од Кривичен, е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје.
– Кривичниот совет, постапувајќи по жалба на ОЈО ГОКК изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино и одговорот на жалба донесе решение со кое: мерката куќен притвор, определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2, односно опасност од бегство и околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“ доби домашен притвор?
Фото: Економија и бизнис