еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Посебен безбедносен протокол за денешните погреби на загинатите во пожарот во Кочани

Владата објави протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од страотниот пожар во кочанската дискотека, што се случи на 16 март.

Протоколот е направен во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

„За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските службеници ќе обезбедат посебна зона од патот на поворката, на 300 метри од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани.

Овој простор ќе биде обезбеден од припадници на МВР со цел да се гарантира ред и безбедност во означената област. На оваа зона исто така ќе важи забраната за управување со беспилотни летала (дронови)“, соопшти Владата.

Оттаму велат дека овој медиумски протокол има за цел да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите и да им овозможи на новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.

Со оглед на чувствителноста на трагедија и универзалните етички стандарди за професионално известување, Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикуваат сите новинари и медиуми да се придржуваат кон следниве етички принципи:

Почитување на личната болка и достоинството – новинарите треба да известуваат со емпатија, без да навлегуваат во приватноста на семејствата на жртвите.

Избегнување на сензационализам – известувањето за трагични настани мора да биде ослободено од сензации, шпекулации или емотивно набиени наративи, фотографии и видеа.

Објавување на проверени информации – треба да се пренесуваат потврдени факти за да се спречат дезинформации.

Зачувување на баланс и непристрасност – медиумите треба да се осигураат дека нивното известување не придонесува за јавна вознемиреност.

„Освен ова, потсетуваме дека Меѓународната федерација на новинари (IFJ) во своето соопштение од 18.03 за оваа трагедија, исто така ја истакна важноста на етичкото известување. Глобалната повелба за етика на IFJ ја подвлекува должноста на новинарите да го почитуваат достоинството на луѓето и да ја стават точноста над брзината при пренесувањето на вестите од овој трагичен настан“, велат од Владата.

За да се обезбеди непречено движење и идентификација, медиумските работници треба да поседуваат со себе прес-обележја и новинарски легитимации издадени од нивните матични медиумски куќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од каде се загинатите во трагедијата во Кочани

Погребот на починатите во пожарот ќе биде утре: Во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево

Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани користење дронови на повеќе локации низ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светската органзација на контролори на летање, запознаенa со случувањата во М-НАВ

Редакција

Главните патишта на северот на Косово и натаму блокирани

Редакција

(Галерија) Успешна трансплантација на срце кај 22-годишно момче, донирано од девојка која почина како последица од сообраќајка

Редакција