Згрижени се 180 лица од семејствата на повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во странство, информираше денеска портпаролот на Владата, Марија Митева.
„Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци.
Ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои 3 часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив,“ информираше Митева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворена платформа за директна донација за семејствата на повредените во пожарот во Кочани
Фото: Фејсбук