еМагазин
Image default
Македонија

Богданов за исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ: Раководството беше далеку од мојот идеал, да изградиме модерна партија

Поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов, кој беше исклучен од партијата реагираше на како што вели „театралната „катарза” од претходната вечер преку која ВМРО ДПМНЕ се реформира во нова антизападна партија“.

„Моето политичко дејствување во раководоството на ВМРО ДПМНЕ беше со единствена цел: да изградиме модерна, демократска и европска партија која силно, со конкретни чекори ќе ја поддржи евроатлантската агенда на нашата држава. За жал, раководството на ВМРО ДПМНЕ е далеку, многу далеку од овој идеал.

Напротив, раководството на партијата продолжи да биде промотор на антизападна националистичка реторика, која ги топли срцата на краток рок, но на среден и долг рок создава несогледливи последици врз општеството, граѓаните и иднината на државата.

Искрено верувам дека еден ден во ВМРО ДПМНЕ ќе дојде раководство кое ќе ја сфати пораката од предците, и суштината на нивната револуционерна борба која ја празнуваме денес“, напиша Богданов на неговиот фејсбук-профил.

фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски: СДСМ ги избрка Бучковски, Бузлевски, Буралиева, Грчева…

Николоски: Го разрешвиме Јанчев заради несогласувања, не за поткуп на пратеници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со полициска придружба Катица Јанева ќе оди на погреб на мајка и во Гевгелија

Редакција

Нови 273 случаи на Ковид-19 од 2.799 тестови, 45 се реинфекциии

Редакција

20,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле/се хоспитализирани

Редакција