еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Целиот говор на Христијан Мицкоски на прославата во МНТ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера по повод Денот на македонската ревилуционерна борба имаше 40 минутно обраќање пред присутните партиски членови во МНТ.

„Пред точно 125 години се роди организацијата, се роди чуварот на Македонија во едни исклучителни околности, на тежок живот, на секојдневни грабежи, палежи, мачења, убиства врз Македонецот и сите народи кои живееле на овие простори, време на поробена веќе 5 века претходно Македонија, но и со многу повеќе сили, кон Македонија имале и свои аспирации, свои интереси, со свои задачи и цели спротивни на интересите на луѓето кои живееле на овие простори, од прадедо до дедо, од татка на син.

Ова парче земја било посакувано од многу туѓи сили, но највеќе било сакано од својот народ, кој се жртвувал, спротивставувал, кревал востанија, буни, спроведувал акции, но и бил жестоко поразуван, угнетуван, но одново и одново се кревал од пепелта, и повторно истиот круг, на страдања и борба, се додека не се постигне целта, а целта била – Слободна Македонија.

И под едни такви тешки услови, каде цената за сопственото мислење и борбата за самоопределување неретко се плаќала и со сопствената глава, и во такви невозможни околности на репресија и страдања, сепак ова парче земја раѓала херои, синови и ќерки кои го земале бајракот, се простувале од семејствата и тргале во борба.

Оваа слобода денес не е подарена, таа е скапо платена од нашите претци кон кои ние имаме обврска и завет, оваа земја е натопена со крв, страдања и човечки судбини кон кои ние се поклонуваме.

Еден од апостолите на македонската борба, Гоце Делчев ќе рече „Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија? Треба да се просвети и организира народот, да му се влее вера во неговите сили – да разбере како може да се оттргне од ропството и мизеријата – да му се отворат очите.“

Целиот говор ТУКА.

Фото/Видео: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој дојде на прославата на ВМРО-ДПМНЕ во МНТ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидл имале проблеми со претходната влада, тврди Мицкоски

Редакција

СДСМ на Конгрес го потврди изборот на Пендаровски за претседателски кандидат

Редакција

Пролет во февруари: Сончево со температура до 21 степен

Редакција