еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Историја на расколи: Ќе се родат ли нови партии со предзнакот ВМРО?

Се комплицира состојбата во ВМРО-ДПМНЕ по исклучувањето на пратениците кои гласаа за почеток на уставни измени со цел промена на името на државата во Северна Македонија, но и исклучувањето на високите партиски функционери како Митко Јанчев, Сашо Мијалков и Никола Тодоров.

Искуствата покажуваат дека не е прв пат во ВМРО-ДПМНЕ да има несогласување и раскол меѓу партиските структури, што по правило вродувало со изнедрување на нови партии со предзнкот ВМРО-ДПМНЕ или пак партии со сосем нови имиња.

На јавноста и е познато дека по недоразбирањето меѓу првиот престедател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и новото раководство со Никола Груевски се роди ВМРО-Народна партија на чие чело застана Георгиевски.

Но претходно од ВМРО-ДПМНЕ изникнаа и ВМРО-ДП чиј е претседател е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Голубовски, како и ВМРО-Илинден слободни демократи – партија која се отцепи од ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот од 90тите.

Тука се вбројуваат и ВМРО-Македонска на Борис Стојменов, ВМРО – Вистинска македонска реформска опција (ВМРО-ВМРО која во 2002 година беше дел од коалицијата Вистински пат), ВМРО – Гоце Делчев – Радикална демократска партија (ВМРО-ГД-РДП која самостојно настапи на изборите во 1994 година), ВМРО – Движење за обнова на Македонија (ВМРО-ДОМ која настапи на изборите во 1998 година), ВМРО- Обединета (ВМРО-Обединета која самостојно настапуваше на изборите во 1994 и 2002 година)…

Ваквата историја на расколи во ВМРО-ДПМНЕ само укажуваат дека по исклучувањето на пратениците кои гласаа за уставните измени и поделбата на партиските структури на прозападни односно реформаторски и онаа со актуелната раководна структура предводена од Христијан Мицкоски постои голема можност од сегашната партија да се роди уште најмалку една нова партија која условно кажано би се нарекла ВМРО-реформаторска, а останува можноста партиското членство да се раситни на две, три или повеќе други партии кои самостојно би настапувале на следните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ не е ничија сопственост

Богданов за исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ: Раководството беше далеку од мојот идеал, да изградиме модерна партија

Рангелова: Ни треба проатлантски ориентирано ВМРО-ДПМНЕ, а не изолација

Никола Тодоров: Не се пронаоѓам во антизападно ВМРО-ДПМНЕ

Распаѓање или прочистување на ВМРО-ДПМНЕ на Денот на Македонската револуционерна борба?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виртуелна тура низ Вила Водно, каде ќе живее новиот претседател, Пендаровски

Редакција

Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс

Редакција

Засега во Македонија има само еден случај на омикрон, епидемиолошката состојба останува стабилна, оценува Филипче

Редакција