За финансиското работење на општата болница со проширена надлежност од Прилеп, Основното јавно обвинителство (ОЈО) заедно со Управата за финансиско работење оформи предмет кој е во фаза на предистрага и засега не се открива колку лица точно лица се осомничени и за што.
Вчера како што информираа од Обвинителството беа извршени претреси на осум локации во Прилеп.
„По претресот кај осомничени лица на осум локации е обезбедена документацијата.
Се вршат проверки и на тендерска и на целокупна книговодствена и сметководствена документација. Обезбедена е и електронска и материјална документација како докази.
Сега документацијата ќе се анализира“, вели основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски, пренесе државната агенција МИА.
Претресите и предистражната постапка се поради сомневања за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување во врска со финансиското работење на болницата, а се анализира документацијата од 2020 година до денеска.