Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот извештај на Македонија за годинава и предвидува економски раст од 3,2%, а ист раст и прогнозира и за следната година.
Во делот на инфлацијата, ММФ прогнозира дека земјава годинава ќе ја заврши со стапка на инфлација од 3,4%, а следната од 2,2%.
Од земјите во регионот, кои се надвор од Европската Унија, најголем економски раст ММФ му предвидува на Косово, од 4%, на Албанија од 3,8%, на Србија од 3,5%, на Црна Гора од 3,2%, а на Босна и Херцеговина од 2,8%.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.