еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски по средбата со Таравари се сретна и со лидерите од Вреди

По средбата со Арбен Таравари, кој предводи едно од крилата во поделената Алијанса за Албанците (АА), премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа се сретна и со лидерите од коалицијата Вреди, кој е во процес на станување на партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Алијанса на Албанците на Таравари ќе остане во Владата, ќе се знае во текот на овој месец

Како што е познато АА на Таравари не е повеќе дел од Вреди, а Мицкоски се сретна со Изет Меџити, лидерот на Демократско движење, Билал Касами, лидерот на Беса и Зеќирија Ибраими, лидерот на  Алтернатива.

За разлика од средбата со Таравари, засега нема информација од Владата за што се разговарало и што било договорено.

Дел од медиумите објавија дека средбата, која не беше најавена, како и таа со Таравари, поминала “конструктивно, во пријателски и партнерски дух“, а тема биле реформски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коалицијата „Вреди“ ќе стане партија, ќе биде ли и АА на Таравари дел од истата?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Хорор во украински Мариупол: Бројни жртви, жителите без вода, струја и топлина

Редакција

Нови 722 случаи на Ковид-19 од 5.865 тестирања

Редакција

Реакција на Руската црква: Признаваме само канонски права на Српската црква во Македонија

Редакција