еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Се отвори „Симбол” новиот малопродажен парк во Струмица

Пред голем број на гости, со богата културна програма денеска и официјално се отвори „Симбол”, новиот малопродажен парк во Струмица.

Овој современ објект свечено го отворија сопственците и инвеститорите Кирил Гогов и Александар Ричлиев во присуство на градоначалникот Костадин Костадинов.

Изграден и организиран според највисоките стандарди за ваков вид на комерцијални објекти, малопродажниот парк „Симбол“ се очекува да биде повеќе од само дестинација за шопинг и да понуди искуство кое ги спојува врвните брендови, модерниот начин на живот и забавата на едно место!

„Денес е голем и значаен ден за мене и господинот Александар Ричлиев. Со заедничка визија и желба го изградимвме овој комплекс, кој денес стана реалност.

Планот за реализација требаше да се одвива во две фази, но морам да истакнам, со големиот интерес на фирмите да бидат дел од проектот, одлучивме да го изградиме во целост.

Горди сме што вакви реномирани брендови, како странски, така и домашни, без двоумење веднаш се вклучија во проектот и со нивното присуство денес слободно можеме да кажеме дека Струмица добива еден нов лик кој ќе биде синоним за модерно купување во регионот.

Сакам да се заблагодарам и на општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов за одличната соработка.

Голема благодарност кон сите изведувачи вклучени во овој проект, кои несебично со своето знаење и професионален пристап придонесоа да успееме овој комплекс да го изградиме за девет месеци.

Очекувам во иднина “Симбол“ малопродажен парк да стане место за уживање и да ги задоволи потребите на сите генерации“. изјави пред присутните, сопственикот и инвеститорот на овој репрезентативен објект, Гогов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) На 8. мај се отвара „Retail Park“ во Струмица, еве како изгледа и кои брендови ќе имаат продавници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена се обидела со тврд предмет да ја нападне пејачката Елена Ристеска

Редакција

234 нови случаи на Ковид-19 од 1.318 тестови, 31 се реинфекции

Редакција

Реакција на екипата на Медена земја: Филмските работници не треба да им помагаат на протагонистите, но ние го прекршивме кодексот затоа што целосно се соживеавме со нив

Редакција