еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Зголемување: Дури 460.300 македонски граѓани живеат во сиромаштија

Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2017 година.

Според податоците, во 2017 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 22.2 % или 460.300 граѓани од вкупното население живее во сиромаштија.

Податоците на ДЗС откриваат континуиран пораст на бројот на сиромашни. Имено, во 2015 година оваа бројка изнесувала 445.200 лица, а во 2016 година 453.200 лица.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20 %.

Според најфрекфентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 %.

Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 32.5 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предметите на СЈО преземени од ЈО, засега остануваат кај досегашните обвинители

Редакција

“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот”: Најубавите цитати на Гоце Делчев

Редакција

(Галерија) „Малешевска Корија – Спорт авантура 2020“: Во Берово се возеа велосипеди низ убавите планински предели

Редакција