Константинос Кацифас (35), кој беше убиен од албанската полиција во пограничното село Буларт во Албанија, откако тој со калашников отворил оган кон полицајците кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат, барем според тоа што објавувал по социјалните мрежи, бил голем патриот, пишуваат грчките медиуми, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Инцидентот се случил во моментот кога жителите на Буларат, од кои повеќето Грци, го одбележувале влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година.
Кацифас е по потекло Грк и бил роден во Буларат, а од скоро живеел во Атина.
Според ProtoThema, Кацифас бил обвинет од локални Албанци кои живеат во регионов, дека поставил поголем број на грчки знамиња околу селото.
Тој на својот Фејсбук профил освен што објавувал фотографии од знамињата кој ги поставувал во околината, давал и отворена подршка на Ослободителниот фронт на Северен Епир, грчко етничко бунтовничко здружение, кое делува во северен Епир од 1940 година.
Неговата последна објава на Фејсбук од 26 октомври е видео на кое деца во училиште во Дервитшани, јужна Албанија, ја пејат грчката химна.
Κάτι πρέπει να κάνουμε για τα σκλαβωμένα ελληνόπουλα τής Βορείου Ηπείρου…… Εορτασμός της 28ης Οκτωβρίου απο τα ελληνόπουλα του σχολείου Δερβιτσάνης 🇬🇷!!!
Posted by Katsifas Konstantinos on Петок, 26 октомври 2018
Фото: Фејсбук/Кацифас
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Голем инцидент: Албански полицајци застрелаа Грк заради грчкото знаме