Игор Дурловски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски не се терористи, рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.
„Не се терористи ниту вработените во Министерството за внатрешни работи, ниту останатите лица прогонувани врз основа на случувањата од 27-ми април. Тоа го знаеме ние, тоа го знаете и вие колеги од власта, а тоа го знае и целата македонска јавност. Затоа почитувани од СДСМ, бидете искрени и застанете еднаш зад она што го говорите, а кое е подадена рака и од нас за помирување.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ денеска го поднесе предлог законот за амнестија на лица осомничени, обвинети или осудени за собраниските настани од 27-ми април! Предлог законот е поднесен по скратена постапка и очекуваме пратениците од власта конструктивно да учествуваат во дебатата и да покажат дека не станува збор за лажно ветување за правда и национално помирување кое самите ќе го демантираат неколку дена откако беше споменато“, рече Данев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што предвидува предлог-законот за амнестија кој ВМРО-ДПМНЕ го поднесе по скратена постапка
СДСМ: Точно знаеме што се крие зад предлог-законот за амнестија