Пратеничката Даниела Рангелова си поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.
„Не можам да прифатам да бидам дел од ова раководство на ВМРО кое ја однесе партијата во изолација, кое со своите политики базирани на неискреност, сплеткарење и продуцирање кавги помеѓу нас внатре во партијата, успеа по принципот раздели па владеј, дополнително да го подели македонското национално ткиво и да внесе неприфатливо ниво на омраза помеѓу Македонците, но и помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Рангелова.
Фото: Фејсбук/Даниела Рангелова
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И кај жените во ВМРО-ДПМНЕ раздор: И пратеничката Лилјана Затуроска поднесе оставка од Унијата
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.