На 29.10.2018 година околу 21.00 часот било пријавено дека во близина на угостителски објект на улица „Орце Николов“ во Скопје, С.И.(40) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување, додека се обидувал да го спречи да изврши кражба, физички бил нападнат од Б.М.(19) од Скопје, информира МВР.
По преземени мерки, Б.М. бил приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.