еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 90-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 700 разговори.

Поранешниот премиер Никола Груевски, на обвинителна клупа денеска треба да седне и за случајот „Насилства во општина Ценатар“.

За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, обвинети се повеќе лица, меѓу кои екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски.

На минатото рочиште за „Насилство во Центар“ исказ пред судот даде поранешниот директор на ПОЦ и актуелен градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ.

Во случајот „Тревник“ обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.

Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Свети Николе нема заболено лице од коронавирусот, туку во Општина Лозово

Редакција

Предвремени парламентарни избори: Македонија гласа со маски

Редакција

Екс министерот Спиро Ристовски излегува од куќен притвор

Редакција