еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Од „Македонија блокира“ му ја пееја „Едно име имаме“ на Крсто Мукоски пред неговиот дом

Синоќа во организација на движењето „Македонија блокира“ се протестираше пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани, обвинет за случувањата од 27.април во македонското Собрание, а кој неодамна излезе од домашен притвор и гласаше за старт на процедурата за промена на Уставот, со кои Македонија ќе се преименува во Северна Македонија.

Учесниците на протестот дојдоа со свеќи и пееја патриотски песни, меѓу кои и „Едно име имаме“ и  побараа од Мукоски да не го менува името на државата.

Како што пренесуваат локалните медиуми на протестот имало и жители на Вевчани.

Мукоски ги пречека демонстрантите, а дел од нив влегоа и во неговиот дом.

За сабота од „Македонија блокира“ најавија протести и пред домовите на пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои како и Мукоски се обвинети за истиот случај, а беа пуштени од домашен притвор во ист период, и кои истот така гласаа за старт на процедурата за цпромена на Уставот.

Видео: А1он/фото: Фејсбук/Мукоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието почна лидерската средба

Редакција

Анкета на МЦМС: Мнозинство граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот, поддршка би дале 41,5 процент

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестираат во седум града

Редакција