Од ВМРО ДПМНЕ, денеска уште еднаш повторија дека незнаат каде е нивниот поранешен лидер, сега почесен претседател и пратеник, Никола Груевски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави дека не знае каде се наоѓа Груевски и дека немаат информации дека е во Унгарија, како што е објавено на Фејсбук профилот на Груевски.
Аровски за статусот на Груевски на Фејсбук слушнал од негови партиски колеги пред денешната прес-конференција. Тој рече дека немаат ниту информации дека Груевски добивал закани, како што стои во статусот на Фејсбук профилот на Груевски.
Нема потврда од надлежните македонски власти дали Фејсбук статусот е веродостоен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер зовре за бегството на Груевски: „Нели Орбан беше против азиланти“
Фејсбук-коментари за бегството на Груевски во Будимпешта: „Шефе, јади гулаш, уживај и бери сила“
Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил