Уапсен 18-годишник од тетовско, испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчеравечер во Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавиле дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.

-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49).

При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р. (18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести