еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Половина милион евра јапонска помош за јавните здравствени установи за набавка на медицинска опрема и реновирање

Речиси половина милион евра беа доделени на пет здравствени установи за набавка на медицинска опрема и реновирање, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче кој заедно со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска посетија неколку здравствени установи.

Покрај Клиниката за дигестивна хирургија, со Програмата на јапонската влада „Грант – помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност“ се опфатени и Клиниката за гинекологија и акушерство и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Османи информираше дека од осамостојувањето на нашата држава, Јапонија има обезбедено голема поддршка преку официјалната развојна помош во повеќе значајни сектори, клучни за постигнување на нашите реформски процеси и стратешки цели како здравство, образование, развој на локалните заедници во износ над 420 милиони евра.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радиолошките технолози дефицитиран медицински кадар во целиот регион

Редакција

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ позитивен на Ковид-19

Редакција

(Фото) Брејк стана татко по трет пат, Драгана по втор пат мајка

Редакција