Снег падна во повеќе делови во западна Македонија, а снежна покривка има и во едно од најубавите македонски села Галичник.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет. На планините во западните делови ќе се формира снежна покривка.
Утринската температура ќе биде во интервал од минус четири до пет степени, а дневната од нула до десет степени.
Викендов времето ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Нов влажен бран со пообилни врнежи, претежно од дожд, се очекува во вторник.
Фото: Хотел Неда
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото на денот: Срна се прошета на првиот снег во Националниот парк Пелистер
(Фото) „Зимска идила“ во Македонија: Снег во Зрзе, Шапка, Крушево…