Кривична за поранешен градоначалник на Дојран, Ангов и вработени во Oпштината

Поранешниот градоначалник на Општина Дојран, Анго Ангов и двајца вработени во Општината заработија кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.З. (37) од Стар Дојран, Б.К. (54) од Нов Дојран и А.А. (41) од Стар Дојран, осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот закон, информираа од таму.

Според пријавата, на 29. април 2024, пријавените со неизвршување на своите службени должности во текот на управна постапка, постапиле спротивно на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата, Законот за води и Законот за градење.

-Првопријавениот, во својство на овластен комунален инспектор во Општина Дојран, изготвил одобрение за градење за угостителски објект со хотелско сместување на инвеститор од Струмица, иако во основниот проект недостигала задолжителна водостопанска согласност.

Второпријавениот, вработен како самостоен референт во областа на урбанизмот и градежништвото, го контролирал и одобрил издаденото одобрение, и покрај утврдените недостатоци.

Третопријавениот, кој во тој период ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дојран, го потпишал и го издал одобрението за градење, информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од вработените во Општина Дојран што доби кривична вели дека не ја извршувал функцијата наведена од СВР Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести