(Видео) Пукање на вечера за новинарите кои известуваат од Белата куќа, на која беше и Трамп

На вечера која беше организирана за новинарите дописници од Белата куќа синоќа се случи вооружен инцидент.

Истата се одржуваше во хотелот “Вашнгтон Хилтон“ во главниот град на САД, Вашингтон, а на неа беше и американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со сопругата Меланија Трамп, кои беа евакуирани откако надвор од балската сала, каде се одржуваше вечерата, имаше вооружена пресметка помеѓу осомничениот Кол Томас Ален од Торанс, Калифорнија, и обезбедувањето од контролниот пункт на американската тајна служба, откако осомничениот го помина истиот.

Евакуирани беа и заменик претседателот на САД, Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, секретарот за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор и министерот за внатрешни работи Даг Бургум.

На вечерата на која имаше 2.600 гости присуствуваа и бројни новинари, адвокати, политичари…

Едно лице од обезбедувањето е повредено, а осомничениот е уапсен. И двајцата моментално се во болница.

Мета му биле американските политичари

Томас Ален (31) ќе биде обвинет за употреба на огнено оружје и за напад врз сојузен агент со опасно оружје.

Тој призна дека мета му биле американските политичари.

Томас Ален е учител и програмер на видеоигри.

Во хотелот бил пријавен како гостин, а бил вооружен со сачмарка, пиштол и неколку ножеви.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести