Поранешниот градоначалник на Општина Дојран, Анго Ангов, заедно со двајца вработени во Општината, едниот како овластен комунален инспектор, а другиот како самостоен референт во областата на урбанизмот и градежништвото, заработија кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за поранешен градоначалник на Дојран, Ангов и вработени во Oпштината
И тројцата се осомничени за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според МВР тие противзаконски овозможиле инвеститор од Струмица да гради хотел, прекршувајќи ги Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата, Законот за води и Законот за градење.
Ангов според МВР го потпишал и го издал одобрението за градење.
Тој пак во изјава за ТВ 24 ги отфрала наодите од кривичната како неосновани и меѓу друго вели дека не сака да верува дека за работи за “политички монтиран случај“.
еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.
Каков имот пријавил
На негово име има стан во Гевгелија, а во Дојран пријавил заеднички имот.

Вози “форд мондео“.

На име на сопругата пријавил и удел, но не навел каде.

Пријавил и кредит кој треба да го врати до 2029 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Ангов












