Меѓу повредените и 20 деца: 157 лица по пожарот во „Пулс“ биле со тешки телесни повреди

На денешното рочиште Основното јавно обвинителство започна со презентирање на материјалните докази за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани.

Од таму презентираа и медицинска документација и податоци за над 200. повредени во пожарот кои побарале укажување на медицинска помош.

Од нив 157 лица биле со тешки телесни повреди, а 65 се здобиле со телесни повреди.

Од сите повредни 20-тина биле деца.

Констатирани се повреди од штетни гасови и интоксикација, тешки телесни повреди со изгореници на лице, раце, тело и грб од 6% до 30% од вкупната површина на телото, изгореници на дишните органи, оштетување на респираторна функција и повреда на дишните органи заради вдишување на јаглерод моноксид.

Дел од повредените се здобиле и со нагмечувања на глава и тело, скршени ребра, инхалаторни повреди заради што била неопходна механичка инхалација, пад на кислородна сатурација до 80%, нагмечни рани на раце и тело, очи и оштетувања и скршеници на градните пршлени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид

Газда Деко најверојатно останува во затворски притвор

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести