(Фото) Ги поврзува Аеродром и Гази Баба: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за околу два месеци ќе биде ставен во функција

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ кој ги поврзува скопските општини Аеродром и Гази Баба, наскоро ќе биде пуштен во функција, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Завршени се експропријациите, кои беа најголемата пречка и со години го кочеа пуштањето на мостот во употреба.

-Сега следува воспоставување целосен и функционален сообраќаен проток, по наредните 60 дена од започнувањето на подготвителните активности, средувањето на потребната документација и процесот на преселување на луѓето кои живеат во објектите на трасата, информираше тој на Фејсбук.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести