Цените на угостителските услуги во април 2026 година се зголемени за 0.6% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8%.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – април 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3%, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.6%.
Цените во угостителството во април 2026 година, во однос на март 2026 година, во следниве групи се зголемени за: 0.8% кај Храна, 0.2% кај Алколхолни пијалаци и 0.1% кај Безалкохолни пијалаци.
Во групата Ноќевања не е забележана промена на цените.
Фото: Унсплеш













