Екс министерот на Полска, кој беше азилант во Унгарија, побегна во САД

Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зиобро, кој беше политички азилант во Унгарија, заедно со неговата сопруга, избегал во САД, пренесуваат полските и европските медиуми.

Оваа следи откако новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар најави негова екстрадиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар

Информација ја потврди и државниот обвинител на Полска, Валдемар Зурек, како и Зиобро.

Не е познато дали од таму Зиобро ќе се упати во трета земја и како стигнал до САД, имајќи го во предвид фактот дека Полска претходно ги поништи неговите патни документи – полскиот и дипломатскиот пасош.

Полските медиуми пренесуваат дека Зиобро добил американска виза, но е нејасно по која основа.

Зиобро е осомничен за создавање и водење на организирана криминална група, проневера на средства, свесно давање лажни докази и злоупотреба на моќ, и се соочува со казна затвор до 25 години во Полска доколку биде осуден.

Тој ги отфрли обвиненијата против него.

Полските власти кои веќе побараа негова екстрадиција од Унгарија, сега тоа ќе го бараат од САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија

Колку пасоши има Груевски?

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести