еМагазин
Image default
Локално

Како да аплицирате: Општина Аеродром субвенционира печки на пелети

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за граѓаните на нејзината територија.

Целта на овој пилот-проект, како што соопштија од Општината, е да се премине кон еколошки систем на загревање со стимулирање на жителите на Аеродром, поточно домаќинствата, да користат почист огревен материјал и поквалитетни печки за затоплување на своите домови ‒ за повисока енергетска ефикасност и помалку штетни емисии во воздухот, како дел од мерките против загадувањето.

Јавниот повик ќе трае до 3 декември 2018 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.

На овие граѓани Општина Аеродром ќе им субвенционира околу 50 отсто од трошоците за набавка на печка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Општина Аеродром за овој проект издвои 500 илјади денари од својот буџет.

Повеќе детали за критериумите и за начинот на аплицирање на: www.aerodrom.gov.mk/vest/2011.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Велес: Сакал да ја убие сопругата тепајќи ја со кабел

Редакција

Тетовец со пиштол се шетал за време на полициски час

Редакција

Тетовчанец си ја убил сопругата и избегал

Редакција