Обвинителката Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), е во фокусот на јавноста откако ја запре истрагата за случајот за набавка на мазут за потребите на државната ТЕЦ Неготино.
Во случајот според Министерството за внатрешни работи (МВР) имаше сомнеж за криминал од над 167,5 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Обвинителството, предводено од Ислам Абази, по една година истрага утврдиле дека осомничените не ги исполниле кривичните дела за кои беа осомничени, а истата и не утврдила постоење на друго кривично дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со истрагата беа опфатени 13 лица. Меѓу нив беа и сопствениците на фирмата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, како и поранешните директори на ЕСМ, Васко Ковачевски и Адријан Муча.
еМагазин разгледа каков имот пријавила Коларевиќ во Антикорупциската комисија кога станала обвинителка во ОЈО ГОКК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила
На свое име нема недвижен имот.

Како заеднички имот пријавила едно возило.

На име на сопругот пријавила и хартии од вредност.

Сопругот и е содружник во друштво за производство на електрична енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што е осомничен газдата на Пуцко петрол, Јахоски, кој доби времен пасош
Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија
Договор од 1,9 милион евра склучи МВР со „Пуцко петрол“














