Акционерите на Македонијатурист АД Скопје на седница на Собранието на акционери на Друштвото одлучија да ги продадат хотелите „Бристол“ и “Јадран“, информираа од таму преку Македонската берза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се акционерите кои ќе одлучуваат за продажбата на хотелите “Бристол“ и „Јадран“
Како што веќе пишуваше еМагазин на продажба освен овие хотели кои не работат со години, Друштвото ќе продава и друг недвижен имот во Скопје, меѓу кои и ресторанот „Пивница„.
Како што стои во одлуката од Собранието, купопродажната цена на недвижниот имот не смее да биде пониска од вредноста на недвижниот имот утврдена од страна на овластен проценител.
Оваа е целиот имотот на Друштвото кој оди на продажба:



Македонијатурист е сопственик и на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, сите во Скопје, кои работат.
Како и на хотелите “Водно“ и „Сарај“ во Скопје, кои не работат, како и на друг недвижен имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ацо Дудулоски, новиот претседател на УО на Македонијатурист
Марковски, Поповски и Бошков поднесоа оставки од Надзорниот одбор на Македонијатурист
Фото: Игор Бансколиев














